Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Лефков: Техничката влада е дивоградба во правниот систем, власта мора да произлегува директно од волјата на граѓаните

Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин на телевизија Алфа, каде се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин на телевизија Алфа, каде се осврна на актуелната тема за укинување на техничката влада. Според него, оваа техничка влада е резултат на политички договори и не треба повеќе да постои, бидејќи ја нарушува демократијата. Тој смета дека власта треба да произлегува директно од волјата на граѓаните, а не од политички договори, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

-Предлогот за измени и дополнување за Законот за влада со којшто се врши соугласување со дел од новиот Закон за организација на државната управа и најважното, се укинува она што се нарекува пржинска влада или техничка влада, кое што беше договорено и е дел на политички договор влезе денеска во Собрание- вели Лефков.

Лефков кажа дека потребно е да се стави крај на политичките пазари и преговори.

Реклама

„Т.н. пржинска влада е дел на политички договор, а политиката редно време е да и користи на државата и државните инсититуции, а не да биде обратно. Волјата на граѓаните преку Собранието се рефелктира во Владата и таа влада е одговорна и кон граѓаните и одговорна за своите постаки“.

Според него, оваа техничка влада е дивоградба во самиот систем, каде политички преговори или ставови на политички партии и меѓусебни договори овозможуваат некој да заземе место и како што вели тој, на овој начин се искривува она што значи демократија и демократски процеси.

-Гледаме сега и во јавноста и во медиумите, дека опозицијата, односно СДСМ се противи, се спротиставува лицемерно на ова решение, иако гласаа за потребата за овој предлог закон во Собрание- рече Лефков и додаде:

,,Зошто е непотребната драма не знаеме, меѓутоа гледаме дека навистина им  е тешко да се разделат со пржинската влада, иако немаат никаков основ. Ова Предлог законско решение за изменување на Законот за влада е предложено на начин на којшто се предвидува техничката влада, да функционира и за следните избори без разлика дали се редовни или предвремени“.

Лефков смета дека време е политиката да застане во улога на институциите и во улога на државата.

,, Постомонитогрингот за Македонија се укина, со што практично е признаена Македонија и македонската демократија како држава со стабилни институции и стабилна демократија и навистина е бесмислено да имаме еден ваков закон во кој политката се става над демократијата. Нивните ставови во овој момент се во насока на рушење или спротивствавувње на основните принципи на демократијата. Самото градење на ваква техничка, значи дека некој којшто не е избран од народот, не го претставува народот, не доаѓа од народот ќе седне во одредено министерско столче, и тој ќе може да гради одредени политики“, заклучи Лефков.