Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

🎥 Лефков: Шоферот на Заев палел пожари, а Филипче политички профитира и шири паника – ЈО да не ги штити луѓето на СДСМ

Шоферот на Зоран Заев подметнува пожари, Македонија гори, а СДСМ и нивните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шоферот на Зоран Заев подметнува пожари, Македонија гори, а СДСМ и нивните апологети креираат атмосфера на паника, тоа е планот на СДСМ кој пропадна вчера. Ова е фотографија од која се гледа шоферот А.Н. како е дел од најтесниот круг на Зоран Заев, објавува Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев лаже кога вели дека А.Н. не му бил шофер. Од оваа фотографија, се гледа дека токму потпалувачот на пожари е дел од кругот на Заев кога тој ги предаваше бомбите во СЈО и кога по кажувања на нему блиски се опкружил само со проверени луѓе. Ако А.Н. бил проверен човек на Заев, и лице од највисока доверба не може, а да не прашаме по чија насока дејствувал сега кога ги палел пожарите? Шоферот на Заев е жив фатен, а со тоа и СДСМ, рече тој.

Лефков прашува: Има ли некој во државата кој верува дека шоферот на Заев постапувал на своја рака?

Реклама

-Венко Филипче не може да излезе од ова. Венко Филипче има само една опција, да се огради од Заев и да го осуди палењето на пожарите кои ги прават нему блиски лица. Доколку Венко Филипче продолжи да молчи, само ќе потврди во целост, дека тој е едно со Заев, дека ја спроведува неговата политика и неговата агенда. Очекуваме од ЈО да не работи како до сега, и да не го штити СДСМ и нивните кадри кои ја палат државата со години. Очекуваме акција и соодветни казни, вели Лефков.