Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Лефков: Коларевиќ и Абази се коалиција во Обвинителството, како СДСМ и ДУИ во политиката

Почитувани, тандемот Коларевиќ и Абази се коалиција во обвинителството, како што се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани, тандемот Коларевиќ и Абази се коалиција во обвинителството, како што се СДСМ и ДУИ во политиката.

Катерина Коларевиќ, моминско Маркова, ќерка на Павле Марков, државен правобранител избран од владата на СДСМ во 1998 година, и на Вера Маркова, уставен судија во 2004 година, избрана од коалицијата СДСМ и ДУИ. Фамилијарни кариери во обвинителството на услуга на СДСМ.

За Абази и да не говориме, човек кој дојде на местото на Русковска во ОЈО ГОКК, комшија на Ахмети од Зајас, кој функционира на начин како што Али ќе му каже.

Реклама

Коларевиќ и Абази, застанаа цврство во одбрана на криминалот на функционерите на СДСМ и ДУИ наречен “Мазут” вреден 167 милиони евра, и ги амнестираа Васко Ковачевски, Асмир Јахоски, Адријан Муча, Ратко Капушевски и Ерџан Сулковски без да ги спроведат во судница.

Коларевиќ и Абази не ги гледаа доказите на медиумите за труењето со мазутот во ТЕЦ Неготино, ниту пак извештаите од ДЗР во кои јасно се вели дека имало голем број на нечистотии во мазутот, не ги интересираа релевантни лица од ЕСМ да ги повикаат на разговор туку повикале лица кои ќе им дадат искази какви што тие бараат, едноставно речено, при очи се правеле слепи.

Прашуваме, дали зад запирањето на постапката стои корупција, односно подмитување на обвинителите? Зошто Советот на јавни обвинители на Башким Бесими молчи и не бара и тој одговори за стопирањето на постапката?

На ваков начин функционираше коалицијата СДСМ и ДУИ додека беше на власт, а како што гледаме и натаму продолжува таа коалиција и во правосудните органи.

Бараме веднаш истрага за овој случај од повисоките инстанци, а оставка на Абази е повеќе од потребна. Правда и одговорност мора да има.