Реклама
Македонија

Лефков: Груби ја искомпромитира ДУИ, тој е на црна листа на САД и фатен во криминал од 8 милиони евра

Груби ја компромитира ДУИ, тој е на црна листа на САД и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Груби ја компромитира ДУИ, тој е на црна листа на САД и фатен во криминал од 8 милиони евра, наместо да направат рез, тие го штитат, а СДСМ сее магла.

Очигледно е дека Груби е криминалец, тоа го кажа и Стејт Департментот и Македонските институции. Само ДУИ наместо да расчисти со тој товар уште повеќе го зема на себе.

Со што толку е задолжена ДУИ од криминалецот Артан Груби? А уште повеќе СДСМ, па мораат да смислуваат разни приказни, за да одвлекуваат внимание?

Реклама

СДСМ со години знаеше за криминалот на Груби и не го апсеше, за потоа да му се приклучи. Дали е тоа главната причина зошто сега треба да го бранат?

Дали СДСМ се фатени во тесно од Груби и ДУИ кои ги штитат со молчење?

Зошто толку Груби знае за СДСМ и ДУИ што не поминува ден, а двете партии да не вадат нов обид од ракав да го перат, прикриваат или да дефокусираат од него?

Колку и СДСМ и ДУИ да се обидуваат да дефокусираат, одговорност за криминалот ќе има. Веќе никој не е над законот.