Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

🎥 Лефков: Фрапантно е со која леснотија СДСМ се стави во целосна служба на бугарските агенции и интереси

Фрапантно е со која леснотија СДСМ се стави во целосна служба на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фрапантно е со која леснотија СДСМ се стави во целосна служба на бугарските агенции и интереси, рече на денешната прес-конференција пратеникот Миле Лефков.

Апологетите на СДСМ во еден глас ја пренесуваат бугарската пропаганда. Венко Филипче прифатил безусловно да биде маша за бугарските интереси и позиции во Македонија. Венко Филипче целосно го копира Зоран Заев и смета дека со ставање на располагање на партијата и нејзините инсталации во општеството на друга држава тој ќе дојде некогаш на власт. Венко Филипче и СДСМ веќе не се воопшто автентични. Венко Филипче и СДСМ целата своја стратегија и приод и го имаат оставено на Бугарија. Во периодот што следува ќе гледаме многу фабрикувани вести, лажни документи и изнудени реакции. Македонија, а пред се премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се под удар на хибридни операции водени од страна, а извршени од СДСМ. Сомневањата ни се дека крајниот финансиер на ваквите операции е една голема источна земја, која има силно влијание и во Бугарија. ВМРО-ДПМНЕ ги препозна нападите и успешно ги отфрли. СДСМ се демаскирани, истакна Лефков.

Само разочарува фактот како безпоговорно, за власт се ставија на располагање на центри кои не и мислат добро на Македонија, додаде Лефков.