Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Лефков: Филипче и СДСМ сега глумат декларативно оградување од ДУИ

СДСМ и нивниот прв човек, Венко Филипче во времето кога беа власт,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и нивниот прв човек, Венко Филипче во времето кога беа власт, кога стануваше збор за ДУИ и посебно за Артан Груби, глумеа дека ништо не знаат за криминалот на партнерите. Демек ниту виделе, ниту слушнале, а знаеја сите што прави конкретно Груби, посочува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

-СДСМ и Филипче сега влегоа во филм да зборуваат ДУИ не чини или само декларативно се оградуваат од нив. На СДСМ и Филипче треба да им е јасно дека тоа не е доволно. СДСМ и Филипче за почеток треба да излезат на прес-конференција и да им се извинат на граѓаните што дозволиле ДУИ и Груби да ги крадат народните пари. Филипче како прв човек на СДСМ треба да признае дека додека бил функционер во владата на СДСМ и ДУИ истата ги дозволувала криминалните активности на ДУИ. Токму поради ова Филипче треба да помогне на правосудните органи во докажување на криминалот, бидејќи се претпоставува дека се минимум правно писмени и треба да знаат дека доколку не ги споделат информациите може да се сметаат и за соучесници, рече Лефков.

„Значи Филипче и СДСМ прво треба јавно да се извинат, да се оградат и да помогнат на правосудните органи во докажувањето на криминалните активности на ДУИ во период кога беа коалициски партнери. Доколку не го сторат тоа, СДСМ ќе остане уценувана партија, партија со личности на кои им се важни само личните и партиските интереси“ – истакна Лефков.