Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

🎥 Лефков: Дипломатијата на СДСМ ја доведе Македонија до бришење на македонскиот идентитет и јазик

Братот на Заев и љубави на Стево, Бојко Борисов се пофали дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Братот на Заев и љубави на Стево, Бојко Борисов се пофали дека го избришал идентитетот и јазикот, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Бојко љубави, те поздрави Зоки” дипломатијата на СДСM ја доведе Македонија до бришење на македонскиот идентитет и јазик од Резолуцијата на ЕП, додаде тој.

„Откако Бојко Борисов вчера се пофали дека лично го изработил предлогот за бришење на македонскиот идентитет и јазик се поставува прашањето каква е улогата на СДСM, на Зоран Заев и Венко Филипче во сето тоа?

Реклама

Особено треба да имаме во предвид дека Зоран Заев за Борисов велеше дека му е брат, а Стево Пендаровски му пренесуваше поздрави на Борисов од Заев ословувајќи го Бојко љубави.

Дополнително истиот тој Зоран Заев велеше дека македонскиот народ и бугарскиот се исти, и дека зборуваат ист јазик.

Кога ќе се земе сето ова во предвид, се поставува логичното прашање, дали СДСM, Зоран Заев и Венко Филипче лично стојат зад предлогот за бришење на македонскиот јазик и идентитет од Резолуцијата на ЕП?

И истите овие структури, СДСM и бугарските печурки во Македонија како Андреј Жерновски, ја напаѓаат Владата на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски“, потенцира Лефков.

Се е целосно јасно. Жално е што СДС наместо да ги искористат своите позиции за да лобираат за Македонија тие ги штитат бугарските интереси, изјави Лефков.