Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Лефков: Дебакл на СДС, Филипче не знае што му подметнуваат, а партијата спинува со изјави стари 2 години

Дебакл на СДС, Филипче не знае што му подметнуваат, а партијата спинува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дебакл на СДС, Филипче не знае што му подметнуваат, а партијата спинува со изјави стари 2 години, истакна на денешнат прес конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче кој излезе и даваше предлози за меѓународно позиционирање на државата, или не знаеше дека Македонија гласала унисоно со САД, или свесно манипулираше.

Самиот СДС од Венко Филипче вчера направи кловн за потсмев.

Реклама

Доколку Филипче, знаел дека Македонија гласала исто како САД, тогаш свесно манипулира и наместо да се однесува како претседател на партија, се однесува како шибицар на Камени мост од 90-тите.

Фрапирани сме од погледите на СДС дека народот би паднал на такви евтини трикови.
Но очигледно упорноста кај СДС зазема други граници, па во ист ден се обидоа по втор пат со ист трик.

Нецели два часа откако си го избрукаа претседателот, пуштија соопштение, чист спин со најдолна лага презентирајќи 2 години стар став на заменик министерката Викторија Трајков за владата на Ковачевски како сегашен, и за владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Овде не додржаа и откако ВМРО-ДПМНЕ реагираше и медиумите ги фатија во лагата, се извинија.

Почитувани,

Ова е за жал сликата со СДС денес. Партијата која прави кловн од сопствениот претседател и партија која се служи со чисти спинови.

Дали било кој може повеќе било што да верува од СДС и Венко Филипче?

И СДС и Филипче покажаа дека немаат ниту идеи, ниту политики, а политичкото дејствување им е насочено на купи ден продај, со лаги, манипулации и одбрана на криминалци и корумпирани функционери од нивната власт и правосудството, рече Лефков.