Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

ЛДП: Културата е темел на идентитетот и развој на општеството

Либерално-демократската партија (ЛДП) дава целосна поддршка на културните работници кои денеска излегоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Либерално-демократската партија (ЛДП) дава целосна поддршка на културните работници кои денеска излегоа на протест барајќи достоинствени услови за работа и соодветно вреднување на нивниот труд, се вели во соопштението од ЛДП.

Фактот што луѓето кои ја создаваат и чуваат културата се принудени да протестираат е јасен показател за негрижата и потценувањето што со години го трпат од институциите. Наместо системска поддршка, сведоци сме на импровизации, партизација и игнорирање на реалните проблеми.

Културата не е трошок, туку темел на идентитетот и развојот на едно општество. Државата има обврска да обезбеди стабилно финансирање, транспарентност и фер третман за сите културни работници.

Реклама

Ги повикуваме надлежните институции итно да влезат во дијалог со засегнатите страни и наместо да го одложуваат проблемот, да понудат конкретни решенија.

ЛДП и во иднина ќе продолжи рамо до рамо со сите културни работници, секогаш на страната на културата и достоинството на секој поединец.