Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Лажетиќ за Алфа: Политичарите да не злоупотребуваат деца во предизборие

Во никој случај децата да не се злоупотребуваат во изборните кампањи, пракса…

Сподели:

Во никој случај децата да не се злоупотребуваат во изборните кампањи, пракса што во периодов на големо се практикува. Од државниот совет за превенција на детско престапништво за Алфа велат дека треба да се заборави злоупотребата на малолетниците за политички цели и нивната партиципација во нив. Велат дека имало разлика меѓу фотографирање на политичарите со деца, и остварувањето средби со деца и разговор со нив.

– Државниот совет за превенција на детско престапништво укажува дека вклучувањето на деца (лица до 18 години) во какви било активности поврзани со тековната политичка кампања е недозволливо и не е во најдобар интерес на детето согласно Конвенцијата за права за децата, вели за Алфа професорката Гордана Лажетиќ.

Реклама

Лажетиќ потсетува дека Изборниот законик, член 183 предвидува казна од 8.000 евра за радиодифузерот и 30% од одмерената глоба за одговорното лице ако објави снимки каде се гледаат малолетници.

– Грижата за децата треба да се остварува преку обезбедување законски и институционални услови за нивен правилен раст, развој и воспитание, грижа за отстранување на изворите на ризици. Сé друго претставува нивна злоупотреба и повредување на нивни права, доава Лажетиќ.

И додека професорите критикуваат малолетниците да не се злоупотребуваат во изборната кампања, детските градински и натаму се под клуч, но не за сите. Тоа не важи за лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој од Штип се појави на промоција на градинка. Дали ова не е злоупотреба на институција каде се згрижуваат?

Опозицијата го осуди потегот на Заев како злоупотребата за политички и партиски цели. Велат дека ќе ги известат мисиите на ОБСЕ и ОДИХР.

Претходно реагираше и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Констатирала дека повеќе телевизии, спротивно на член 76 став 3 од Изборниот законик, емитувале платено политичко рекламирање во кое учествуваат малолетници.

Борис Грујоски