Реклама

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Македонија

Ласовска: Владата активно презема мерки за помош на повредените од Кочани

Благица Ласовска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во 24 анализа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Благица Ласовска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во 24 анализа на телевизија 24. Таа ја коментираше хипокризијата на СДСM, која иако побара закон за помош на Кочани, на крајот не го поддржа во Собранието. Таа нагласи дека Владата активно презема мерки за помош на повредените, со отворена телефонска линија, координација со семејствата и одлука за рехабилитација на Пониква.

– Која е таа хипокризија? Барате со денови прес-конференции, замајување на јавноста, законот за Кочани. И на крај не го гласате. Значи граѓаните што гледаат треба да знаат дека, СДСM бараше закон за Кочани, за помош на семејствата од Кочани и на крај не го гласаше. Јас немам друг коментар освен хипокризија, вели Ласовска.

Ласовска истакна дека нагласи дека Владата е посветена на создавање услови за рехабилитација на повредените и дека се преземаат итни мерки за подобрување на ситуацијата, имајќи ги предвид лошите услови на теренот.

Реклама

– Делата се битни. Отворена е телефонската линија пред неколку дена. Од таа телефонска линија контактирани се семејствата и сите нивни потреби. Медицински тимови и екипи дека веќе се работи на тоа. Владата донесе одлука Пониква да се даде простор во којшто ќе има рехабилитација на повредените, знаеме дека условите се катастрофални, рече Ласовска.