Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Лашкоска: За најмногу 2 години ќе биде изградена регионалната депонија кај Мечкуевци

За најмногу две години ќе биде изградена регионалната депонија кај светиниколското село…

Сподели:

За најмногу две години ќе биде изградена регионалната депонија кај светиниколското село Мечкуевци, најави заменик министерката за животна средина, Ане Лашкоска. Се чека на Европската комисија да даде зелено светло и да се започне со целата постапка која се провлекува со години. Во моментот тендерската документација  за изградба е на разгледување и одобрување во Делегацијата на ЕУ.

„Очекуваме Европската комисија да ги одобри документите и тендерот да биде распишан во првата половина на месец септември. По завршувањето на тендерот, ќе следи еваулација и очекуваме изградбата на депонијата ќе заврши за година и пол. Јас велам да дадеме простор уште шест месеци, значи најмнногу за две“, изјави заменик министерката за животна средина, Ане Лашкоска.

Проектот изградба на регионална депонија во светиниколско чини околу 40милиони евра и 85% од средствата се од европски фондови.  Нејзиното отварање ќе  значи крај и за големиот број на мини депонии кои секојдневно се создаваат, потенцираше и претседателот на Советот на градоначалници на Источно планскиот регион.

Реклама

„Овој проект станува децениски проблем кој се развлече низ годините. Очекувам набрзо да имаме разлика во делот на забрзување на работите, конкретно во делот на изградба на оваа регионална депонија„ изјави претседателот на Советот на градоначалници на Источно планскиот регион, Виктор Паунов.

Изградбата на регионална депонија треба да го реши проблемот со отпадот на околу 370илјади жители. Проектот е стар една деценија, но општините се натегаа за локацијата каде да се формира, дали во близина на Куманови или Свети Николе.

  Светиниколчани не дозволуват да се гради депонија во близина на Мечкуевци.  Велат дека камионите полни со ѓубре ќе загадуваат и ќе ја уништуваат патната инфраструктура.

Александра Ристевска