Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Лашкоска: Со 7,5 милиони швајцарски франци до модернизација на водоводни мрежи и намалување на техничките и финансиските загуби

Модернизација на водоводните мрежи, намалување на техничките и финансиските загуби, зголемување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Модернизација на водоводните мрежи, намалување на техничките и финансиските загуби, зголемување на енергетската ефикасност и подобрување на перформансите на јавните комунални претпријатија, сето ова се клучни елементи за поодржлива инфраструктура и поквалитетни услуги за граѓаните.

Вака денеска заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, ги претстави целите од проектните активности вредни 7.5 милиони швајцарски франци, при потпишувањето на договорите за спроведување на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Македонија“, што ќе се реализира во седум големи општини низ земјата.

– Ова е конкретен чекор кон унапредување на основните јавни услуги и еколошките стандарди и поради тоа, сакам да изразам длабока благодарност до Швајцарската Конфедерација за континуираната поддршка. Посебна благодарност упатувам до амбасадорката Улман за нејзината посветеност и континуирана соработка во напредувањето на нашите заеднички цели, истакна Лашкоска.

Реклама

Притоа, таа додаде дека проектот, со вкупна вредност од 7,5 милиони швајцарски франци, е одличен пример за ефикасно партнерство, 6,5 милиони франци се грант од Швајцарија, додека над еден милион франци се обезбедени од Министерството за животна средина.

Оваа структура на финансирање, како што нагласи Лашкоска, ја отсликува заемната доверба и блиското партнерство со Швајцарија во насока на реализација на заедничките приоритети. Искуството ни покажува, додаде таа, дека подобрувањето на животните услови и заштитата на животната средина не се возможни без ефективна децентрализација и без зајакнати локални јавни претпријатија.

– Во таа насока, Министерството дејствува како мост помеѓу овие претпријатија и меѓународните партнери, со фокус на градење на доверливи и функционални капацитети. Амбасадорке Улман, благодарам за ова стабилно партнерство. Искрена благодарност и до градоначалниците и директорите на јавните претпријатија за нивниот активен ангажман и блиска соработка. Убедена сум дека овој модел на соработка ќе донесе видливи и долгорочни резултати за нашите граѓани, подвлече Лашкоска.

Задоволство изрази и aмбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман. Таа, меѓу другото, рече дека треба да се разбере, дека водата ја нема во онаа количина, како досега.

– Многу треба внимателно да се работи со управувањето на водата, мора да има заедничка посветеност и да се споделува одговорноста, за да може да се намалат загубите на вода. Во овие предизвикувачки времиња за луѓето и животната средина, за економијата, не смее да се дозволи да се губи вода. Мора да биде третирана како посебно богатство, како посебна вредност. Без вода, нема живот, подвлече амбасадорката.

Таа посочи дека во проектот ќе кофинансираат и општините и јавните претпријатија од седумте локални заедници.