Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Лакордов: Застанавме на патот на организирани криминални мрежи – запленивме 600 кг анаболици, 200 кг марихуана, 65 кривични пријави за криминал со автомобили

„Како дел од акцијата „Шилд“ на Европол, успешно спречивме два меѓународни канали…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Како дел од акцијата „Шилд“ на Европол, успешно спречивме два меѓународни канали за нелегална трговија со анаболични стероиди, при што запленивме 600 кг супстанци штетни по здравјето на граѓаните. Со БЈБ запленивме речиси 200 кг марихуана. Во периодот од октомври 2024 до сега, поднесовме 65 кривични пријави за криминални дела со употребувани возила коишто може да бидат употребувани и во криминални дејствија доколку нема евиденција при нивен увоз. Вкупниот број на поднесени кривични пријави е на институционално највисоко ниво во последните 10 години.

Верувам дека ако дејствуваме здружено, можеме да направиме вистинска разлика“, ова го истакна помошник директорот за контрола и истраги на Царинска управа, Влатко Лакордов, на денешниот настан во организација на Бирото за јавна безбедност на кој беше презентиран Документот за проценка на заканите од сериозен и организиран криминал SOCTA 2025 во кој се содржани и податоци за откриени и спречени кривични дела од страна на Царинската управа.

Лакордов потенцира дека во време на постојани промени, глобалната поврзаност и технолошкиот напредок, се отворени многу можности, но и сериозни предизвици.

Реклама

„Организираниот криминал денес е побрз, пофлексибилен и поиновативен од кога било досега. Од нас се бара одговор што е уште поцврст и уште покоординиран. SOCTA 2025 не е само документ или бројки – тоа е наш водич за акција. Со интеграција на податоци, соодветни анализи и со јасно дефинирани приоритети, целта е да ги препознаеме ризиците навреме, да делуваме заедно и да ги зајакнеме институционалните капацитети. Покажавме, дека кога сме посветени, можеме да испорачаме сериозни резултати – и тоа не остана незабележано. Нашите партнери знаат, дека Македонија е доверлив играч на меѓународната сцена“, истакна Лакордов.

Во оваа насока Лакордов потенцира дека на сите гранични премини веќе е поставен модерен видео надзор и систем за препознавање таблички, а до крајот на летото со грант од Република Кореја Царинската управа ќе има нов систем за анализа на ризик и податочен склад којшто со помош на вештачка интелигенција ќе препознава сомнителни пратки. Воедно се работи и на имплементација на нов систем за контрола и истраги, што ќе овозможи уште подобро менаџирање со случаи, но и технолошка поддршка за форензички анализи.

Ова, како што вели, ќе овозможи зајакната заедничка борба за побезбедно, посигурно и пофер општество за сите. За таа цел, Царинската управа ќе продолжи да биде активен дел од националните и европските иницијативи, целосно посветени на имплементација на стратегиите за борба против организираниот криминал, потенцира тој.