Реклама

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Македонија

Лафчиски утре на состанок на Воениот комитет на НАТО во Брисел

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре ќе учествува на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре ќе учествува на состанокот на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови, што ќе се одржи во седиштето на Алијансата во Брисел.

Со состанокот на највисокото воено тело на НАТО ќе претседава претседавачот на Воениот комитет, адмирал Џузепе Каво Драгоне, а меѓу учесниците ќе бидат и началниците на Генералштабовите на земјите членки, врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генерал Алексус Г. Гринкевич, како и врховниот командант за трансформација (SACT), адмирал Пјер Вандие.

Како што е најавено, состанокот ќе се одвива во повеќе сесии на кои ќе се разгледаат клучни прашања за Алијансата, меѓу кои плановите за зајакнување на одвраќањето и одбраната, тековните мисии и операции, како и политичките приоритети и подготовките за претстојниот Самит на НАТО во Анкара.

Реклама

На агендата се и темите поврзани со развојот на одбранбениот планирачки процес, интеграцијата на новите технологии и иновации во одбраната, поддршката за Украина, како и унапредувањето на соработката меѓу НАТО и Европската Унија.

Учеството на генерал-мајор Лафчиски на состанокот, како што се посочува, претставува потврда за активниот придонес на Армијата и Македонија во колективната безбедност, регионалната стабилност и спроведувањето на заедничките политики и активности на Алијансата.