Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Лабудовиќ: Пензионерите се чувари на традицијата на Центар, ќе ги поддржиме со почит, грижа и достоинство

Еднократна финансиска поддршка од 7.000 денари за сите пензионери во Центар кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еднократна финансиска поддршка од 7.000 денари за сите пензионери во Центар кои спаѓаат во првата категорија како и 12 илјади денари за сите нови корисници на пензија во општината. Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, ја претстави една од најемотивните и најчовечките мерки во својата програма – финансиска и социјална поддршка за пензионерите како симбол на благодарност, почит и грижа кон генерацијата која со својот труд и знаење го изгради градот каков што го познаваме денес.

„Секој пензионер чија пензија влегува во првата категорија на исплатени пензии ќе добие од Општина Центар финансиска поддршка од седум илјади денари, почнувајќи од наредната година. А, секој нов пензионер во Општина Центар ќе добие финансиска поддршка во износ од 12.000 денари. Тоа не е само помош – тоа е порака дека ги цениме луѓето кои целиот свој живот го посветиле на работа, семејство и заедница. Пензионерите се нашите чувари на традицијата, нашата гордост, нашата меморија и нашиот компас за иднината,“ изјави Лабудовиќ.

Во своето обраќање тој потенцираше дека грижата за повозрасните граѓани ќе биде системски пристап, а не еднократен потег. Планот предвидува воспоставување програма за активно и достоинствено стареење со најширок опфат, во рамки на која пензионерите ќе бидат вклучени во општинскиот живот, со најразлични активности и културни настани.

Реклама

„Нашата визија е Центар да стане општина што го вреднува искуството и придонесот на секој човек. Затоа, освен финансиската поддршка, подготвивме низа конкретни мерки што ќе го олеснат секојдневието и ќе го збогатат животот на пензионерите,“ додаде Лабудовиќ.

Во рамки на програмата се предвидуваат следните активности и услуги:

· Формирање на Здравствен хаб – модерен простор каде секој пензионер ќе може да добие бесплатна здравствена нега, совет, мерење на притисок, шеќер, или разговор со стручно лице.

· Организирани патувања, излети и дружења, со цел поттикнување на социјализацијата и заедништвото меѓу пензионерите.

· Бесплатни обуки за компјутери, странски јазици и креативни вештини, за да останат активни, дигитално писмени и поврзани со своите најблиски.

· Општинска картичка за попусти во аптеки, маркети и културни институции – за да им се олесни секојдневието и да се зголеми пристапот до основни потреби и културен живот.

Со оваа иницијатива, Општина Центар се насочува кон создавање вистинска општина за сите генерации, во која младите имаат можност за развој, семејствата живеат квалитетно, а повозрасните се чувствуваат сигурно, почитувано и вклучено.

Со овој проект, Лабудовиќ испраќа силна порака дека човечноста и солидарноста се темел на вистинското управување. Пензионерите не се бројка – тие се генерацијата што го изгради општеството, а сега е време општеството да возврати со почит, грижа и конкретни дела.