Реклама

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот

Николоски: Нов импулс за Коридорот 10, Македонија станува поконкурентна за карго транспорт

Од 1 август „Фостер“ повторно без доплата – пациентите ќе плаќаат само партиципација

Државава е на добар пат: Добро е што ЕУ ја препознава Македонија меѓу лидерите во реформскиот процес

Анализа за 2024-та: Државната ревизија со сериозни забелешки за работењето на Агенцијата за вработување

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

Македонија

Лабудовиќ: Мојата визија е едноставна – Центар што дише

Петнаесет месеци ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја водат државата и покажавме дека може…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Петнаесет месеци ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја водат државата и покажавме дека може поинаку. Кога ја формиравме владата, формиравме семејство. Семејство што го темелиме и негуваме со вистински вредности, семејство што расте со доверба, посветеност и со верба дека Македонија заслужува повеќе, рече вечерва пред присутните кандидатот за градоначалник на Општина Центар Мирослав Лабудовиќ, на митингот што го органзираше коалицскиот партнер ВМРО-ДПМНЕ, а на кој беа претставени кандидатите за советници од оваа партија, се наведува во соопштението на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

Вечерва, рече Лабудовиќ овде во Центар, формираме уште едно големо семејство. Едно големо срце, едно заедништво, едно чувство дека заедно можеме да го вратиме животот, топлината и гордоста на нашите улици, на нашите маала, на нашето Скопје. Покажавме дека кога има љубов кон народот и чесна намера, може да се работи со срце.

Тој упати посебен поздрав до премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на Движењето ЗНАМ – Максим Димитриевски, како што рече, личности ккои ја вратиле довербата и надежта кај народот и се негова лична инспирација , за чесност, храброст и доследност.

Реклама

Лабудовиќ упати поздрави и до, како што го нарече, идниот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Зборувајќи за општината во изминатиот период тој упати серија критики кон актуелниот градоначалник Горан Герасимовски – личност кој ветуваше многу, а не направи ништо.

„Ветуваше ред, а донесе хаос. Ветуваше нови вредности, а работеше по старите шеми.

Во четири години издаде речиси триста дозволи за градба, а не направи ниту еден нов парк. Триста згради никнаа, ниту едно дрво не засади. Триста нови проблеми создаде, ниту еден не реши. Дебар Маало, Буњаковец, Капиштец – некогаш маала со душа и песна, денес загушени во прашина, бетон и апатија. Го изгубивме воздухот, го изгубивме зеленилото, го изгубивме човекот. Центар го претворија во паркинг за интереси и во полигон за блиски фирми“, потенцираше кандидатот за градоначанилник на Движењето ЗНАМ за Центар.

Лабудовиќ ја најави својата визија за тоа што ќе работи во идните четири годни, откако ќе застане на чело на општината.

„Мојата визија е едноставна – Центар што дише. Центар каде мајките шетаат спокојно со своите деца, каде старите луѓе седат на клупа и зборуваат дека конечно некој направил нешто за нив, не за себе. Центар каде што културата ќе се врати на улиците, каде што училиштата ќе светат, каде младите ќе имаат причина да останат, не да си заминуваат.

Центар со катни гаражи, со smart паркинг систем, со чисти тротоари и осветлени улици. Центар што ќе го почитува секој граѓанин, не само партискиот пријател.

Знам дека го можеме тоа.

Знам дека со љубов, работа и искреност, Центар повторно ќе стане срце на Скопје – гордо, живо и достоинствено срце. Но за тоа ми треба вашата сила.

Вашиот глас, вашата верба, вашата енергија. Да покажеме дека Центар не е на оние што го узурпираа, туку на оние што го сакаат. Да покажеме дека Центар има свои луѓе, дека Центар знае да каже – доста беше!“ порача Лабудовиќ од митингот.