Реклама

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Македонија

Лабудовиќ: Им ветувам на центарци работа четири години, а не само пред избори

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на Движењето ЗНАМ –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија Мирослав Лабудовиќ на првото телевизиско соочување со своите конкуренти пред гледачите се обврза на посветена и одговорна работа постојано во текот на целиот мандат, а не, како што рече, непосредно пред изборите на само 3-4 месеци пред крајот на мандатот. Во неколку зборови како порака ја искажа и својата визија за Центар, се наведува во соопштението од Движењето ЗНАМ – за наша Македонија.

“Ако сакате градоначалник кој работи само четири месеци пред избори, на крајот од мандатот, доколку сакате неоржувана општина, доколку сакате засилена бетонизација – тоа јас НЕ МОЖАМ да го понудам. Она што можам да го понудам  е работа од четири години и тоа, сериозна работа. Можам да понудам општина која ќе биде чиста, општина во која ќе има ред, општина која ќе биде одржана и на крајот од мандатот општина која ќе биде одржлива. Тоа е мојата визија за Центар и верувам дека тоа е визијата за центарци. 

Меѓутоа, тоа што сега го гледаме е сосема спротивно од мојата и од визијата на сограѓаните“, потенцираше Лабудовиќ.

Реклама

Тој во дебатата ги искажа трите приоритетни проблеми кои мора да се најургентни за решавање во општината. Жално е, рече тој, што во 21 век се уште зборуваме за хигиената и токму таа е приоритет за решавање. Луѓето се фрустрирани секојдневно не само од преполните контејнери, туку и од несобраните паднати лисја, наталожениот прав и се останато што ја дава јасната слика на валкана општина. Општината има механизација, но таа седи паркирана и неупотребена, а сега се најавува набавка на нова механизација. Во однос на сметот Лабудовиќ најави ново системско решение со кое од собраниот смет граѓаните ќе имаат и бенефит.

“Ќе иницирам да се направи физибилити студија со која ќе се набави акцелератор. Бидејќи станува збор за проект што не е евтин, во него би требало да учествуваат сите градот Скопје и сите скопски општини. Со таквото решение – по примерот на повеќе европски градови, ќе го согоруваме целиот собран смет и од него ќе се произведува енергија што ќе ја користиме и за осветлување на јавните површини и за затоплување на јвните објекти, првенствено училиштата“, нагласи Лабудовиќ…

Тој најави изградба на катна гаража кај Буњаковец и две монтажни гаражи – во Капиштец и во близина на новата Железничка станица со кој ќе се релаксира проблемот со паркирање во општината, потоа енергетско-ефикасни фасади и поставување на фотоволтаици на покривите од објектите со што ќе се намалат сметките на граѓаните… Како дел од својата програма, најави ревизија на сите детални урбанистички планови и борба за зачувување на секоја педа јавна површина, која ќе се користи само во интерес на граѓаните. Ред и безбедност за граѓаните, особено за најмладите во училиштата, во што ќе се вклучат како волонтери многумина, првенствено нивните наставници.

На првото телевизиско соочување на кандидатите за градоначалник на општина Центар не се појави актулениот градоначалник и кандидат на СДСМ Горан Герасимовски. Следното соочување треба да биде задутре.