Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Лабудовиќ: Безбедноста на децата и условите за учење се обврска на секоја општина

„Нема поголема инвестиција од онаа во децата. Тие се нашата иднина, нашата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Нема поголема инвестиција од онаа во децата. Тие се нашата иднина, нашата сила и најголемата причина да градиме подобар Центар,“ порача кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, се наведува во соопштението од ЗНАМ.

Лабудовиќ истакна дека неговата мисија е јасна – секоја училница, секој двор и секој агол во Центар да биде безбеден, топол и инспиративен простор за секое дете.

„Безбедноста на децата е нешто што не смее да се доведува во прашање. Затоа, училиштата и градинките ќе имаат 24/7 физичко обезбедување, безбедни пешачки патеки, јасна сигнализација и заштитни огради – за секое дете да пристигнува и да си заминува без страв и безгрижно,“ истакна Лабудовиќ.

Реклама

Во неговиот план е предвидена темелна реконструкција на сите училишта и градинки – со нови фасади, енергетски ефикасни системи, топли училници и современи простори што ќе поттикнуваат љубов кон знаењето и развој на креативноста.

Таму каде што досега немало услови за спорт и игра, ќе се изградат нови спортски сали и детски игралишта, затоа што, како што рече Лабудовиќ, „здравото дете е среќно дете, а среќното дете е најубавата слика на еден град.“

Посебен дел од визијата е посветен на талентираните ученици – преку фонд за стипендии, натпревари и менторски програми, за секој талент да има можност да блесне и да расте овде, дома.

Општината ќе обезбеди и инклузивно образование, со адаптирани училници и специјализирани програми за децата со посебни потреби, како и континуирана поддршка за нивните семејства.

„Центар мора да стане општина што го негува знаењето, ја штити детската радост и ја гради иднината со љубов и визија. Секое дете заслужува место каде што ќе учи со срце – и ќе расте со верба во себе,“ порача Лабудовиќ.

Со овој пристап, Лабудовиќ испраќа силна порака: вистинската промена започнува со грижата за најмладите.

Тие се срцето на Центар, темелот на нашата иднина и највредната инвестиција што можеме да ја направиме.