Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Лабудовиќ на енергетски форум во Атина: Бараме фер енергетска транзиција, европските правила мора да ја следат реалноста на регионот

Заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ учествуваше на енергетскиот форум на Енергетската заедница во Атина, каде што беше дел од панел-дискусиите посветени на интеграцијата на пазарите на електрична енергија и продлабочувањето на енергетската соработка со Европската Унија. Во своето обраќање Лабудовиќ го презентира напредокот што Македонија го постигнува во усогласувањето на националното […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ учествуваше на енергетскиот форум на Енергетската заедница во Атина, каде што беше дел од панел-дискусиите посветени на интеграцијата на пазарите на електрична енергија и продлабочувањето на енергетската соработка со Европската Унија.

Во своето обраќање Лабудовиќ го презентира напредокот што Македонија го постигнува во усогласувањето на националното законодавство со европската енергетска регулатива нагласувајќи дека транспонирањето на ЕУ-правилата претставува една од клучните обврски во рамките на реформските процеси и енергетската трансформација на државата, соопшти Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

Посебен акцент беше ставен на механизмот за прекугранично приспособување на јаглеродот (CBAM), кој во наредниот период ќе има значително влијание врз економиите во регионот. Лабудовиќ посочи дека при креирањето на идните политики и мерки неопходно е внимателно да се земат предвид специфичностите на овој механизам, особено во делот на инвестициите во обновливи извори на енергија, конкурентноста на домашната индустрија и извозниот сектор.

Реклама

– Енергетската транзиција мора да биде амбициозна, но и праведна. Земјите од Западен Балкан имаат јасна европска перспектива и ги спроведуваат неопходните реформи, но процесот треба да биде проследен со конструктивен дијалог и поддршка што ќе ги препознае реалната состојба и предизвиците во регионот – истакна Лабудовиќ.

На форумот беа разгледани и можностите за понатамошно поврзување на регионалните пазари на електрична енергија, зголемување на енергетската сигурност и забрзување на инвестициите во чиста енергија.

– Учеството на Македонија на овој висок регионален собир претставува уште една потврда за активната улога на државата во процесите што ја обликуваат иднината на европскиот енергетски сектор и за посветеноста кон изградба на конкурентен, одржлив и интегриран енергетски систем – се наведува во соопштението од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.