Реклама

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Мицкоски: Податоците на Еуростат ја демантираат опозицијата

СДСМ сега се исплашени од СДСМ: Од најголеми предавници еволуираа во најголеми патриоти

Рекорден број казни од „Сејф сити“ во јули – најмногу за брзо возење

Македонија доби грант од 149 милиони евра за пругата кон Бугарија

Мицкоски: Акумулациите се полни, подготвени сме за сите ризици, не размислување за поскапување на струјата

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот

Македонија

КЗК: Прекршочна санкција за Сојузот на стопански комори на Македонија поради давање на лажни и нецелосни податоци

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата по поведена прекршочна постапка донела решение за изрекување прекршочна санкција за Сојузот на стопански комори на Македонија заради давање неточни, нецелосни податоци и податоци кои можат да ја доведат во заблуда Комисијата за одлучување по прекршок.

Како што се наведува во денешното соопштение од Комисијата за заштита на конкуренцијата, Комисијата по допрен глас повела постапка против Сојузот на стопански комори и против четири големи ланци на маркети заради постоење на сомневање за картелско здружување што е строго забрането согласно член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата.

– Во текот на постапката иако претходно опоменати од страна на овластените лица од Комисијата за заштита на конкуренција дека давањето на неточни и нецелосни податоци е казниво согласно член 61 став (1) точка 10) од Законот за заштита на конкуренцијата, извршниот директор и потпретседателот на Комората свесно давале неточни податоци за улогата на Комората и нејзините овластени лица во организацијата на склучувањето на забранет договор (картел) помеѓу четирите големи ланци на маркети, се вели во соопштението.

Реклама

При контрола на службената комуникација на овластените лица во Комората, се додава во соопштението, од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата јасно е утврдено дека истите имале активна улога во процесот на договарање и свесно давале неточни и нецелосни податоци заради избегнување на одговорноста за картелско здружување.

Имајќи ги предвид тежината на прекршокот и последиците предизвикани од прекршокот, КОП износот на глобата го утврдува во висина од 0.8747%, од приходите на ССКМ остварени во 2024 година.