Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Квалитетот на водата во гостиварскиот водовод е добар, се чека на одлука за употреба за пиење

Квалитетот на водата во гостиварскиот водовод е блиску до можноста за безбедна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Квалитетот на водата во гостиварскиот водовод е блиску до можноста за безбедна употреба и за пиење, информираат од Локалниот кризен штаб од каде посочуваат дека резултати од микробиолошките анализи се поволни, а последните мерења потврдиле дека и нивото на хлор се враќа во дозволените граници.

Координаторот на Локалниот кризен штаб и член на Централниот штаб, Зуди Џелили посочи дека одлуката за повлекување на забраната за користење на водата за пиење треба дојде по состанок на членовите на Централниот кризен штаб.

– Резултатите од микробиолошки анализи подолго време се добри, но проблем претставуваше зголеменото количество на хлор во водата, кој се користеше за вршење на дезинфекција. Последните испитувања се прават токму за да се утврди количината на хлор. Се надеваме дека деновиве, можеби утре или задутре, ќе се состане Централниот кризен штаб и ќе ја информира јавноста дека водата во Гостивар дефинитивно е безбедна за пиење, изјави Зуди Џелили.

Реклама

Тој потврди дека во меѓувреме, паралелно со контролата на квалитетот на водата, надлежните работат и на стабилизирање на водоснабдувањето во подрачјата каде што сè уште има низок притисок или недостиг на вода.

– Интензивно се работи на завршување на резервоарот во селото Горна Бањица, со што значително ќе се подобри водоснабдувањето во јужниот дел на општината во кои се населбите Горна, Долна Бањица, Циглана, Фазанерија, каде што преку ден снабдувањето е ограничено, вели Џелили.

Проблеми со водоснабдувањето има и во селото Дебреше, каде еден дел од селото има ограничено снабдување, а еден се соочува со недостиг на вода. Состојбата во општина Гостивар се надминува преку снабдување со вода од цистерни, а на граѓаните им се дистрибуира пакувана вода. Денес, стручни екипи претпладне земаа примероци од водата на седум пунктови низ градот и ги испратија на испитување.