Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Кумановски лекари советуваат на положување на крстот да учествуваат здрави индивидуи

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, на положувањето на крстот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, на положувањето на крстот да учествуваат само здрави индивидуи, советуваат лекарите од Ургентниот центар Куманово.  Според нивните препораки, во студентите води треба да влегуваат исклучиво лица кои се целосно здрави, без хронични заболувања и кои не користат редовна терапија.

Од Ургентниот центар предупредуваат дека наглата изложеност на ниски температури претставува сериозен ризик за лицата со срцеви, белодробни заболувања, дијабетес, висок крвен притисок, како и за оние кои земаат постојана терапија.

-Апелираме по крстот да скокаат само млади и здрави луѓе, кои немаат хронични болести и кои не примаат никаква терапија. За повозрасните граѓани и хронично болните, оваа активност не се препорачува бидејќи може да предизвика сериозни здравствени компликации, изјави доктор Никола Стефановски од Ургентниот центар

Реклама

Тој додаде дека се препорачува претходна медицинска проценка и за здравите лица.

– Секој млад и здрав човек кој сака да учествува во оваа традиција, добро е претходно да направи основен здравствен преглед. Доколку се чувствува добро и нема здравствени проблеми, може да скока по крстот, посочува докторот.