Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Куманово воведе во работа половина од триесетината проекти, поддржани од вториот владин повик за поддршка на општините

Над 50 проценти од апликациите, односно половина од околу триесетината инфраструктурни проекти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 50 проценти од апликациите, односно половина од околу триесетината инфраструктурни проекти во Куманово, поддржани од вториот владин повик за инфраструктурна поддршка на општините, веќе се воведени во работа информираше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Тој на прес-конференција изјави дека Општина Куманово внимателно ја следи динамиката на проектите за да не се доведат компаниите кои ги извршуваат градежните активности во финансиски ваакум.

-Над 50 проценти од сите апликации, веќе се воведени во работа. Половина од нив веќе се работат, а останатиот дел ќе бидат воведени во работа од моментот кога Владата со ребаланс на државниот буџет ќе ги обезбеди дополнителните средства. Внимаваме на постапката за да не дојдеме во несакана ситуација да ги заглавиме фирмите изведувачи во финансиски вакуум-изјави Димитриевски.

Тој додаде дека е задоволен од интензитетот на реализација на проектите. Во однос на општинската развојна компонента, Димитриевски очекува целосна реализација до крајот на годинава. Тој апелираше граѓаните редовно да ги намируваат даночните и комуналните обврски, оценувајќи дека тоа е предуслов за понатамошен развој на општината.

Реклама

-Ако не платите данок, не можете да очекувате инвестиции. Ако не плаќате комунални давачки и градите диво, не можете да очекувате дека утре ќе имате инфраструктурни инвестиции. Само заедно можеме да го изградиме Куманово да биде поубаво и почисто место за живеење-изјави Димитриевски.