Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Македонија

Кучињата лаат, карванот си врви: Наместо реформи, судскиот совет си тера по старо

Наместо реформи, македонското правосудство продолжува да тоне. Со изборот на нов претседател…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо реформи, македонското правосудство продолжува да тоне. Со изборот на нов претседател на Врховниот суд и шестмина нови судии во скопска Апелација, и тоа со прекршување на процедурата, Судскиот совет ја продолжува праксата на доуништување на судството. Изборот на новите судии освен што може да падне поради груби повреди во самата постапка, е компромитиран поради оспорениеот легитимитет на 5-мината членови на Советот на кои Собранието им изгласа недоверба. Според експертите во последните неколку децении во Македонија повеќе се говори за права и привилегии, но не и за одговорност.

„Доколку сакаме да имаме прогрес во општеството мора да постои одговорност, ние ги гледаме нашите граѓани кои уживаат бројни привилегии, дотолку повеќе избрните функционери ги уживаат своите права и привилегии, но кога станува збор за одговнорста можеме да заклучиме дека се наоѓаме во една многу длабока криза“, изјави Анѓел Ристов – вонреден професор на Правниот факултет – Јустунијан.

На ист став е и поранешниот универзитетски професор Борче Давитковски, според кој доколку сакаме да имаме прогрес мора да постои одговорност.Тој смета и дека Македонија се ставила во ситуација да има недостиг на судии и обвинители поради тоа што една генерација на кандидати не беа примени на академијата за судии.

Реклама

„Дојдовме во ситуација една генерација не се примија сега за кандидати на Академијата за судии… автоматски останавме… а три години треба да пополни 100 на пример судии и обвинители и сега дојдовме до ситуации да имаме кусок на судии и обвинители… Од различни судови од различни апелациони подрачја различни пресуди се носат. Па имаме пресуда со смртни пресуди да имаме условна, а кај некои 7 8 9 години затвор... Ние имавме 353 познатиот член од законот злоупотреба на службена должност имаше доста тешки казни за тоа, го сменија и автоматски со тоа едноставно 80% од делата застареа“, изјави Борче Давитковски – пензиониран универзитетски професор.

Инаку Судскиот совет, вчера го избра, врховниот судија Африм Фидани, за претседател, на Врховен суд на Македонија. Фидани беше избран за претседател, со 8 гласа „за“, и 5  „против“, а противкандидат, му беше, доскорешната претседателка на врховниот суд – Беса Адеми, која доби, само 2 гласа „за“, 11 гласа „против“, и многу критики, за својот однос, кон судскиот совет.