Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Македонија

Крушево полно со гости за Велигденските празници

Крушево е веќе резервирано за Велигденските празници. Околу 2 000 гости и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Крушево е веќе резервирано за Велигденските празници. Околу 2 000 гости и туристи, претежно домашни, ќе ги поминат празниците во историско и туристичко Крушево кое од лани е на листата на 100 топ светски дестинации во зелената агенда. Градот ги нуди културата, историјата, традицијата и природните убавини. 

Крушево, меката на странските туристи и на светските параглајдеристи и чувар на историјата, смета дека најголемите надежи за, колку-толку, спас на туристичката сезона е владиниот пакет „Дона

-Моментално имаме најава за доста добра туристичка сезона во Крушево. Капацитетите за Велигденските празници во приватниот сектор се речиси исполнети. Тоа ни дава доста добар знак за една добра летна сезона што ни претстои. Лани Крушево влезе во 100 топ приказни во светот, како зелена дестинација нудиме многу активности за домашните и за странските туристи, меѓу кои е и целокупното културно наследство. Главна активност е параглајдингот што го нудиме, планински велосипедизам, тури со планинарење, пешачење, посета на музеи, работи адреналинскиот парк, вели Леонора Ташкоска Крстеска, приватни туристички капацитети од Крушево.

И крушевските капацитети се целосно резервирани  главно со гости од Македонија.

Реклама

-Нашите хотелски капацитети во хотелите „Монтана“ и „Панорама“ се веќе распродадени за Велигденските празници. Околу 90 проценти од гостите се домашни и обично, за продолжениот викенд, и за Велигден се бара место повеќе.  Има одлични услуги во хотелите, а на располагање е адреналинскиот парк, па прошетките и можностите да се направи пикник со скара. Се зависи од временските прилики, вели Љубица Степаноска, хотелски менаџер од Крушево. 

Богатата посетеност и понудата за Велигден  најавуваат плодна пролетна и летна туристичка сезона, пред се, за адреналинските спортови.

Зголемениот број гости и туристи за Велигденските празници ја најавува туристичката сезона оваа пролет и во летото. Околу 2 000 легла во Крушево се исполнети, се бара место повеќе. Оваа година туристичката понуда е зголемена. Нудиме многу настани кои започнуваат од Велигден па траат преку целото лето, изјави Наташа Попакоча, од локалната самоуправа – Крушево.

Крушево останува привлечна дестинација за гостите и туристите.