Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Крушево е европски центар на параглајдингот: 130 пилоти од 38 земји летаат за европска титула

– Во Крушево се одржува 18. FAI Европско првенство во параглајдинг, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во Крушево се одржува 18. FAI Европско првенство во параглајдинг, со учество на 130 пилоти и околу 200 лица од 38 земји. Од 8 до 19 август градот е домаќин на една од најзначајните меѓународни настани во дисциплината Paragliding Cross Country. Главното полетување е од Мечкин Камен, а слетувањето и завршувањето на натпреварувачките задачи се одвиваат на соодветни слетувалишта во поширокото подрачје, во зависност од конкретната задача и условите за летање.

Како што информираат организаторите, заедно со тимовите и придружниот персонал, во Крушево се присутни повеќе од 200 учесници директно поврзани со натпреварувањето.

-Европското првенство е потврда за квалитетот на Крушево како меѓународна параглајдинг дестинација, но и можност за натамошен развој на инфраструктурата и туристичката понуда. Со изградбата на новите полетувалишта создаваме услови и во иднина да бидеме домаќини на големи меѓународни настани. Крушево не е само летачка локација, туку целата локална заедница, угостителите и атмосферата што ги пречекува гостите, истакна Горан Димишковски, претставник на организацискиот одбор и претседател на Светскиот параглајдинг куп.

Реклама

Покрај спортското значење, првенството претставува можност за дополнителна меѓународна промоција на Крушево. Учесниците и нивните тимови имаат можност да ја запознаат природата, културното наследство и туристичката понуда на градот.

Развојот на параглајдинг инфраструктурата продолжува и преку ИПА СВС проектот „Крушево и Елбасан, патување во природа и авантура“. Во рамки на проектот се градат две нови полетувалишта на Црн Врв, со цел подобрување на условите за параглајдинг и создавање дополнителни можности за развој на активниот и авантуристичкиот туризам.

Организатори на 18. FAI Европско првенство во параглајдинг се Paragliding Club Extrema и Delta Paraglider Club, во име на Воздухопловната федерација на Македонија. Настанот се реализира со поддршка на релевантни национални институции, Општина Крушево и Туристичката организација на Крушево.

По Европското првенство, Крушево продолжува со уште еден голем меѓународен спортски настан. Од 24 август градот ќе биде домаќин на Светското јуниорско првенство во параглајдинг „Крушево 2026“.

-Со двата големи меѓународни настани во август, Крушево ја потврдува својата позиција како значајна европска дестинација за параглајдинг и активен туризам, потенцираат  организаторите.