Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Крушевчани ги пречекаа 150-те илинденски коњаници

Со традиции и благослови, Крушевчани синоќа и официјално ги пречекаа коњаниците од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со традиции и благослови, Крушевчани синоќа и официјално ги пречекаа коњаниците од повеќе градови и места од земјава пред столбот на Републиката во центарот на Крушево, кај црквата „Свети Никола“.

Годинава, по врвиците на востаниците, во илинденско Крушево пристигнаа повеќе од 150 коњаници од целата држава. Коњаниците ги пречека градоначалникот на Крушево и претседател на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“, Томе Христоски, посакувајќи им добредојде и да е вековит големиот Илинден.

По пречекувањето на Гумење, свечено беше отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“, со читање на Крушевскиот манифест и подигање на бајракот на Крушевската Република. Манифестацијата беше проследена со богат огномет, културно-уметничка програма и импровизиран напад на Крушево, како потсетување на славните илинденски денови и на првата република на Балканот.

Реклама