Реклама
Прилози

Кризен менаџмент на Ковачевски и Ахмети: СДСМ и ДУИ сакаат помала излезност на изборите за спас од катастрофален пораз

Кризен менаџмент за што помала излезнос и со тоа помал пораз на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кризен менаџмент за што помала излезнос и со тоа помал пораз на СДСМ и ДУИ и обид да се спаси што може да се спаси со два посебни изборни циклуси. Весела математика и трошење двојно повеќе државни милиони евра, во обид можеби и да се демотивираат граѓаните да излезат на изборите, а со тоа најголемиот ќар да имаат токму двете владејачки партии, кои би дошле до помал пораз од оној очекуваниот катастрофален, во прв ред СДСМ, според она што го покажуваат последните анкети. Според политичкиот аналитичар Александар Ристевски, ваквото сценарио наликува на договорена игра меѓу Ковачевски и Ахмети, за што е можно поповолен пораз на актуелните владини коалициони партнери.

-Ова што сега се случува можам да го сфатам само на една своевидна игра на најголемите партии, на СДСМ и на ДУИ, со некаква желба, некаква весела математика да направат своевиден кризен менаџмент или да се обидат да поминат со што е можно помалку лоши резултати за нив, изјави Ристевски.

Универзитетскиот професор Владимир Божиновски е на ставот дека планот во само два месеци да се организираат два изборни циклуси може да и се удри од глава на власта, бидејќи јасно е дека победник на претседателските избори ќе била ВМРО-ДПМНЕ, што ќе претставува уште поголем мотив за нивните гласачи да излезат на парламентарните избори, па победата таму да биде уште поубедлива.

Реклама

-Доколку бидат одвоени изборите, тоа повеќе ќе и користи токму на опозицијата, навистина не гледам никакво рацио дури и од партиска перпсектива на СДСМ, затоа што сите истражувања покажуваат дека разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е многу висока и се зголемува во изминатиов период, изјави Божиновски.

Сепак и Божиновски и Ристевски се на ставот дека постои ризик доколку има два изборни циклуси, а тоа е да не успеат претседтелските избори, поради високиот цензус од 40 проценти.

-Може да се случи сценарио, во кое претседателските избори поради високиот цензус би биле неуспешни и тогаш Македонија да влезе во продлабочена политичка и уставна криза, како и се разбира да се потрошат без никаква причина дополнителни 10-тина милиони евра и доплнително да се закочи и онака кревката економија, изјави Божиновски.

-Меѓу дрогото мислам и дека Македонија не е држава која што може да си дозволи во два наврати да троши по 10-тина милиони евра, поготово кога самите изборни циклуси се со така мала разлика. Мислам дека цела држава би ја блокирале и цела 2024-та би била заложник на политичката игра на моменталната власт, изјави Ристевски. 

Покрај тоа што според анкетите здружената албанска опозиција има речиси ист рејтинг како и ДУИ, за интегративците плус проблем може да биде и тоа што ВМРО-ДПМНЕ, партија која што е голем фаворит за победа во македонскиот политички блок најави дека нема да коалицира со Ахмети по победата на парламентарните избори.

Матеја Петровски