Реклама

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Македонија

Криза во згрижувањето на старите луѓе: Премалку јавни капацитети, алармантни состојби во приватните домови во Македонија

Многу приватни, малку јавни домови за стари луѓе во Македонија. Државата располога…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Многу приватни, малку јавни домови за стари луѓе во Македонија. Државата располога со пет државни старечки домови со 638 легла, додека во приватниот сектор функционираат вкупно 39 дома за стари лица, со капацитет за сместување на 1.563 луѓе. Ова е црвен аларм за институциите дека се потребни сериозни реформи за згрижување на оваа категорија граѓани – вели директорката на најголамата Геријатриска установа “13 ноември” д-р Ленче Нелоска. Според неа, главниот проблем во приватниот сектор е немањето на доволно стручен кадар кој знае како да ја пружи неопходната нега. Доказ за тоа е и последниот случај кој изби во јавноста со хророр приказната во двата приватни старечки дома “Актив” и “Арија” каде што згрижените беа малтретирани, несоодветно лекувани и хранети со храна со изминат рок.

“Во недостиг на капацитети овие домови се преплавени со лица кои реално се пациенти, тие не се резиденти не се корисници, и она што би требало да бидат луѓе кој што живеат во старски домови.Таму треба да бидат луѓе кои се самостојни во секојдневните животни активности…најчесто во приватните домови се сместени лица на кој им треба 24 часовна здравствена нега, тие не се конципирани за такво нешто, тие немаат капацитет ниту просторен ниту кадровски капацитет да можат да се справат со тој предизвик” – вели д-р Ленче Нелоска, директорка ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина
13 Ноември Скопје.

Згрижувањето стари луѓе во домови станува се‘ посериозен социоекономски проблем вели Нелоска.И најави сериозни реформи во оваа насока. Министерство за здравство заедно со Министерството за социајла и други експерти се сложни дека потребни се нови регионални центри во Македонија за сместување на стари луѓе. Според неа тоа е клучното решение граѓаните во трето доба да добијат достоинствен живот.

Реклама

Проблемот е суштински затоа што во Македонија нема се уште категоризација на пациентите за нивната здравствена состојба…односно за степенот за грижа на која што им е потребна.И нема лиценцирани кадри за различни категории..односно, тоа е нешто што се залагам јас” – вели д-р Нелоска.

Случајот со суровото изживувањето врз старите луѓе беше откриен во заедничка акција на полицијата, обвинителството и инспекциски служби, кои открија  нечовечки и понижувачки третман на згрижените од страна на вработените во старечките домови Арија и Актив. Двете сопственички се во притвор и ќе одговараат кривично.