Реклама

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Македонија

Кривичниот суд Скопје започнува дигитална трансформација со поддршка од вештачка интелигенција

Основниот кривичен суд Скопје, Здружението на судии на Македонија и приватната високообразовна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основниот кривичен суд Скопје, Здружението на судии на Македонија и приватната високообразовна институција Бреинстер Некст денеска потпишаа Меморандум за соработка со цел воведување иновативни дигитални алатки и технологии базирани на вештачка интелигенција за подобрување на судските постапки и унапредување на пристапот до правдата.

Студентите од Бреинстер Некст ќе учествуваат во практична работа во судот, развивајќи апликации кои ќе овозможат пренос на аудио записи од расправите во текстуален формат на македонски јазик, унапредена технологија за снимање аудио и видео, брзо и автоматско анонимизирање на судски пресуди, подобрување на веб-страницата и активна комуникација преку социјални мрежи.

Во рамки на соработката, се гарантира заштита на личните податоци, без пристап на студентите до неправосилни предмети, во согласност со законските прописи.

Реклама

Иницијативата има за цел да го олесни работењето на судиите, да обезбеди ефикасност, транспарентност и пристапност, и да ја збогати судската пракса со објавени пресуди од интерес за медиумите, НВО секторот и пошироката јавност.