Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Кривичниот суд се соочува со кадровски дефицит – фалат судии, поротници, административци и помошен персонал

Основниот кривичен суд Скопје се соочува со сериозен дефицит на судски службеници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основниот кривичен суд Скопје се соочува со сериозен дефицит на судски службеници и судски поротници, но истовремено бележи значајно намалување на бројот на стари предмети и намален тренд на застарување на кривичните предмети. Ова беше соопштено на денешниот брифинг со новинарите во Кривичниот суд.
​
Според податоците од Судот, во моментов во Кривичниот суд постапуваат 53 судии. Од нив, осуммина се на возраст над 59 години, а дури петмина веќе ја имаат поминато границата од 64 години. Тоа, како што посочуваат од Кривичен, значи дека во наредните три години поголем дел од нив ќе заминат во пензија, а извесно е дека нови судии нема да има бидејќи Академијата нема генерации. Кадровскиот дефицит е уште поизразен кај администрацијата и помошниот персонал. Според систематизацијата, во Кривичниот суд се предвидени 628 работни места, а пополнети се само 208. Во моментов, за редовно функционирање на судот се ангажирани само 18 судски полицајци, две технички лица и седум хигиеничарки. 

Податоците покажуваат дека само во текот на 2026 година се пензионирале 13 вработени, додека во периодот од 2020 до 2025 година бројот на службеници се намалил за дури 131 лице.
​
Сериозен проблем во организацијата на судењата претставува и недостатокот на судски поротници. За непречено функционирање на процесите се неопходни 70 поротници, а во моментов се активни само 52, од кои 17 се новоизбрани.
​
И покрај кадровските предизвици, од Судот информираат за значаен напредок во ефикасноста и совладувањето на заостанатите предмети. 

Додека во август 2025 година имало 896 стари предмети, во август 2026 година овој број е намален на 368 предмети, при што најголемо намалување е забележано кај прекршочните предмети и санкциите. 

Реклама

– Тоа е намалување за околу 59% на старите предмети. Значи, покрај ограничени ресурси, мал број вработени, завршивме многу голема работа – нагласуваат од Кривичен. 

​На брифингот беа изнесени и податоци за застареноста на кривичните предмети во последните неколку години. Во 2022 година застареле 16 предмети, во 2023 година – 18, во 2024 година – 26 предмети, а во 2025 година – 20 предмети. За деветте месеци од 2026 година, застарени се шест кривични предмети. 

Причината за 2025 и 2024 година, како што нагласуваат, е измената на Кривичниот законик. 

Во Специјализираното одделение, коешто е  од интерес за јавноста, во 2022 нема застарувања, во 2023 година има девет, во 2024 нема, во 2025 има три, и 2026 година нема застарени предмети. Повторно тука, како што посочија на брифингот, застарувањето на предметите е заради измените на Кривичниот законик, 

Во делот на модернизацијата и дигитализацијата, од Кривичниот суд соопштија дека во тек е процес на електронско поврзување со Агенцијата за катастар на недвижности за поефикасно запишување на хипотеките, а во тест-период е и нова алатка за анонимизација на судските одлуки базирана на вештачка интелигенција (ВИ), развиена во соработка со „Бреинстер“ (Brainster). Со оглед на тоа што во домашната легислатива сè уште не постои законска регулатива за користење на вештачка интелигенција во правосудството, Кривичниот суд најави дека официјално ќе побара дозвола од Судскиот совет за нејзина примена.