Реклама

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

Македонија

Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка – овозможил градба без важечко одобрение

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, е еден од пријавените во случај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, е еден од пријавените во случај за кој Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривични пријави против три лица осомничени за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Заедно со градоначалникот, пријави добиле и вработен во општината, како и раководителката на Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина.

Според соопштение од полицијата, првопријавениот – вработен во општината – и покрај тоа што дозволата за градење која ја поседувал инвеститорот веќе била истечена, изготвил решение за промена на инвеститор. Тоа го направил спротивно на Законот за градење, како и надвор од рамките на неговите овластувања и службени обврски.

Реклама

Второпријавената – раководителка на Одделението за урбанизам – не извршила соодветен надзор и контрола врз изготвеното решение. Иако била свесна за истечениот рок на дозволата, таа го потпишала решението, со што му овозможила на инвеститорот од Крива Паланка да продолжи со изградба на куќа со деловен простор без валидно одобрение за градба.

Третопријавениот – градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски – не презел обврзувачки надзор над предметот и, без проверка, со свој потпис го одобрил решението како да е важечко и законско.

Постапката против осомничените продолжува во надлежното обвинителство.