Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Кривична пријава против поранешен генерален директор на „Поштата“ за злоупотреба на службена положба и овластување

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето Ј.М., поранешен генерален директор на АД „Пошта на Македонија“ во државна сопственост и претседател на Управниот одбор, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл.353 од Кривичниот Законик на Македонија.

Како што соопшти Финансиска полиција, во периодот од 2021 до 2022 година, пријавениот, постапувајќи спротивно на Статутот на друштвото и Законот за трговските друштва, не презел дејствија за реализација на одлуки и заклучоци на Управниот одбор за исплата на парични обврски кон два правни субјекта во вкупен износ од 19.292.984,00 денари.

-И покрај тоа што му биле доставени потребните документи за исплата, пријавениот не ја потпишал спогодбата за исплата на долгот, не ги потврдил фактурите и не ги потпишал налозите за плаќање. Со ваквото постапување овозможил против друштвото да бидат поведени судски постапки, по што со судски пресуди биле утврдени обврски за плаќање казнена камата – наведуваат од Финансиска полиција.

Реклама

На овој начин, на АД „Пошта на Македонија“ и била предизвикана вкупна штета од 10.968.483,00 денари по основ на казнена камата.