Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Кривична пријава за дебрани кои преку измама за наводно лекување на болно дете противправно се стекнале со 3.300 евра

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Одделението за внатрешни работи во Дебар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Одделението за внатрешни работи во Дебар поднесе кривични пријави против две лица, кои преку измама за лекување на наводно болно дете противправно се стекнале со финански средства.

 -Кривична пријава е поднесе против Х.М.(19) од с.Селокуќи, дебарско и против И.К.(28) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Првопријавената, поттикната од второпријавениот, во периодот од 10 до 12 март  годинава довела во заблуда повеќе лица, така што лажно прикажувала факти преку социјалната мрежа, односно преку профил со кој менаџирал второпријавениот, собирала парична помош за операција, односно лекување на наводно болно дете од Дебар, информираа од Секторот за внатрешни работи-Охрид.

На тој начин првопријавената се стекнала со противправна имотна корист во вкупен износ од 3.200 евра и 6.000 денари.

Реклама

Ова е прв ваков случај до сега на ова подрачје.

Дебарското одделението за внатрешни работи на 13 март информираше дека постојат лажни информации од одредени лица кои се всушност, класичен обид за измама, со цел противправно стекнување парични средства. Апелираше, граѓаните да бидат внимателни, да не се јавуваат на оставените мобилни броеви за контакт, да не се среќаваат со други лица по овој основ, да не споделуваат лични податоци и да не вршат донирање  на парични средства.