Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Кривичен суд: Куќен притвор и одземена патната исправа за апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, донесе решение со кое на осомничениот апелацискиот судија Ѓ.Р. му се определува мерка куќен притвор, како и дополнителна мерка за обезбедување присуство – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова.

-Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против Ѓ.Р. , по произнесување на осомничениот и надлежниот јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот на ОЈО се прифаќа и на осомничениот му се определува мерка куќен притвор како и дополнителна мерка за обезбедување присуство, односно одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, се наведува во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Со оглед на тоа што осомничениот е апелациски судија и се товари за кривичните дела „перење пари и други приноси од казниво дело“ по член 273 став 1 и „противправно стекнување и прикривање имот“ по член 359 – а став 3 вв став 1 од Кривичниот законик, Судот претходно го доставил предлогот до надлежниот Судски совет на Македонија, кој одлучувал за одземање на судискиот имунитет. По добиената согласност од Судскиот совет, Судот го прифатил предлогот на ОЈО ГОКК.

Реклама

Против ова решението странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, велат од Основниот кривичен суд Скопје.