Реклама

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Македонија

Ковачки: Во ИК има промена од 20 до 25 проценти, еден спој на искуство, на луѓе со различни портфолија, луѓе кои имаат различно искуство

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во врска со новиот состав на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во врска со новиот состав на Извршниот комитет вели дека го сочинуваат луѓе со различни искуства во извршната и во законодавната власт, како и млади луѓе кои ќе придонесат за реализација на политиките на партијата.

-Имаме една промена од 20 до 25% во Извршниот комитет, еден спој на искуство, на луѓе со различни портфолија, луѓе коишто имаат различно искуство во извршната власт и во законодавната власт, меѓутоа имаме и луѓе коишто се помлади, носат една свежина во Извршниот комитет, којшто ќе помогнат на партијата односно на претседателот во реализација на политиките на партијата, рече Ковачки во гостувањето на една од националните телевизии.

Ковачки посочи и оти дека новиот Извршен комитет во текот на следната седмица ќе ја одржи првата седница на која ќе се распишат огласите за претседатели на општинските комитети, реорганизација во партијата и подготовка за идните парламентарни избори.

Реклама

-Тоа е еден Извршен комитет којшто во текот на првата половина од идната седмица ќе ја одржи првата седница, и на негова одговорност ќе падне распишувањето на огласи за претседатели на општинските комитети, реорганизација во партијата, едно кадровско освежување и подготовка за идните парламентарни избори и структурирање на партијата и подготовка за идната декада, истакна Ковачки кој беше избран за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ вчера на седница на Централниот комитет на партијата.

Додаде дека за на есен се планира ажурирање на членството, и како што рече отворање на партијата генерално за нови кадри.

-Кадри кои ќе донесат свежина посебно во делот на новите процеси коишто следат во иднина, процеси во здравството, образование, нови процеси во економијата, прилагодување на новите технологии коишто доаѓаат односно подготовка за превземање и на партијата и на државата во наредната декада и така размислуваат вистинските лидери, лидерите размислуваат за иднината, превземаат мерки, подготвени да се соочат со предизвиците коишто следат во иднина, истакна Ковачки во гостувањето.