Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Ковачки: Над 800 апликанти за позициите претседател на ОК, УМС, УЖ и УВ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на гостување на поткастот „Проверитас’’, говореше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на гостување на поткастот „Проверитас’’, говореше за реорганизацијата која се случува природно во партијата за која, како што вели тој, членството се мобилизира во голем број и сака да придонесе во развојот на партијата на локално и на централно ниво, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имаме над 800 апликанти за овие позиции коишто сега ги споменавме, претседатели на општинските комитети, и телата на партијата, ветераните, младите и жените. Значи, над 800 апликанти имаме, нешто што е показател дека членството се мобилизира, е мотивирано, присутно е и сака да придонесе во развојот на партијата и татковината’’, појасни Ковачки. 

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ очекува до крајот на април да завршат сите процедури, а новите раководства на телата да ги оформат општинските комитети и да продолжат со работа на терен во интерес на граѓаните.

Реклама

„Таму некаде до кај крајот на април тие нови претседатели би требало да ги имаат комплетирано своите општинските комитети, и месните комитети коишто исто така се основната клетка на партијата и да го затвориме ова мало реконструирање во партијата’’, заклучи Ковачки. 

СДСM ја водат едни исти ликови кои се крајно корумпирани

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на гостување на поткастот „Проверитас’’ истакна дека едни исти ликови коишто се крајно корумпирани се водачите на опозициската СДСM, којашто ја заглави Македонија во калта, од која сега ВМРО-ДПМНЕ ја вади Македонија на вистинскиот пат.

„СДСM ниту работи на програмско освежување, ниту работи на својата идеологија, која веројатно им е изгубена некаде по пат по поразите, ниту пак работи на кадровско освежување. На луѓето им здосадено гледајќи ги едно исти ликови кои се крајно корупмирани, и коишто во изминатиот период покажаа дека со својата неспособност и со својот полтронизам ја заглавија Македонија во калта и ВМРО-ДПМНЕ сега треба да ја извади на пат во којшто сите веруваме дека треба да одиме, а тоа е Европската Унија’’, посочи Ковачки.

Тој истакна дека во моментот главната опозициска партија СДСM, не работи на програма и визија, ниту пак на својата идеологија.

„За да имате опозиција треба да имате идеолошка опозиција, јас не гледам идеолошка опозиција од другата страна, тука е проблемот. Кадровската понуда којашто се нуди на граѓаните од другата страна е девастирана, структура којашто не може да доминира, односно не може да биде понуда и алтернатива на политиките на ВМРО-ДПМНЕ’’, заклучи Ковачки.