Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Ковачки: Македонско-албанското пријателство е партнерство кое го градиме со векови, заедно ќе го продолжиме истото пријателство и во ЕУ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на покана од сестринската партија од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на покана од сестринската партија од Република Албанија се обрати на Конгресот на Националното собрание на Демократската партија на Албанија и во своето обраќањe ги пренесе поздравите од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски, и истакна дека „иднината на Западен Балкан ја градиме заедно како партии кои делат исти вредности: слобода, одговорност, традиција, семејство и европска иднина”, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој нагласи дека местото на државите од регионот е во Европската Унија, како рамноправни партнери кои достоинствено ги застапуваат своите национални интереси и вредности.

 -Нашето место е во ЕУ, не понижени, туку како еднакви партнери – дециден е Ковачки.

Реклама

Ковачки во своето обраќање потенцираше дека македонско-албанското пријателство не претставува само дипломатска формулација, туку е географска, историска и цивилизациска реалност која треба дополнително да се зајакнува преку заемна почит и соработка.

-Македонско-албанското пријателство не е дипломатска фраза туку е географска, историска и цивилизациска реалност- рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачки. со Центарот за управување со промени, со поддршка на Амбасадата на Франција.