Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во македонското Собрание, Драган…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во македонското Собрание, Драган Ковачки, на гостувањето на една од националните телевизии, одговори на лиферуваните лаги и манипулации со клевети изнесени во јавноста од страна на опозициската СДСM, која тој ја оцени како полу распадната партија и воедно со јавноста сподели и прикажа дека го поседува највисокиот национален безбедносен сертификат – државна тајна, кој патем е издаден во времето на СДСM и ДУИ.

-Во делот на НАТО сертификатот она што цело време го потенцираат, јас го носам домашниот односно националниот безбедносен сертификат, ова е безбедносен сертификат државна тајна, којшто е издаден во време на СДСM и на ДУИ, не е издаден во време на ВМРО-ДПМНЕ. Значи ова е највисокиот степен што постои во државата – појасни Ковачки.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачки во продолжението обзнани дека го поседува и највисокиот НАТО сертификат, како и фактот дека е предводник на македонската делегација на седниците на НАТО парламентарното собрание и дека учествува на затворени седници на истото.

Реклама

-Поседувам и највисок НАТО сертификат значи учествувам и на затворени седници на НАТО парламентарното собрание каде што ја предводам македонската делегација. Така да, сите овие лаги и прават штета не само на партијата, туку и прават штета и на Македонија и мислам дека треба да престанат со вакви ад хоминем напади затоа што ако сакаат да бидат државотворна и одговорна партија мора да почнат да се занимаваат малку со креирање на политики коишто одговараат на нивното портфолио-  беше дециден Ковачки.