Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Ковачевски не им верува на анкетите, Мицкоски му порача да го почека 8 мај за да се увери дека губи на изборите

Премиерот Димитар Ковачевски не сака да ги види катастрофалните анкети кои покажуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Димитар Ковачевски не сака да ги види катастрофалните анкети кои покажуваат пад на неговиот рејтинг. Шефот на Владата смета дека ВМРО-ДПМНЕ ги пишува рејтинзите и убеден е дека на следните парламентарни избори ќе победи и ќе ја формира, како што вели, новата проевропска Влада.

„Јас сум оптимист за изборите, бидејќи на крај на изборите се судруваат концепти. Ние ќе имаме два јасно диференцирани концепта. Едниот е за европска интеграција, другиот е за изолација. Владејчаката коалиција нуди решенија и план за државата како до 2030 година да стане членка на ЕУ, додека од друга страна нема ни план, ни концепт, ни алтернатива – рече Ковачевски.

За првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, најконкретна анкета за расположението кај граѓаните и нивната наклонетост кон политичките партии ќе биде онаа на 8 мај, кога ќе се одржат редовните парламентарни избори. Според Христијан Мицкоски приоритетите на партијата која, како што вели, уште кратко ќе биде во опозиција се подобро образование, подобро здравство, подобар живот, напуштање на хибридниот режим.

Реклама

Не сум имал тајна средба. Тајните средби не се дел од мојот карактер. Доколку сака господинот Ковачевски да разговараме за техничката Влада или за некои други политички процеси што следат, стојам на располагање, само терминот да го усогласиме. Знаете дека јас одамна барам такви средби. Најпрво бев одбиван, па се правеа политички гимнастики на политичката сцена за на крај конечно да се случат тие средби и состаноци лидерски и да се дефинираат изборите. Не гледам зошто тоа би било далеку од лицето на јавноста. Ценам дека јавноста треба да биде запознаена. Мислам дека на народот му е преку глава од такви тајни средби, преговори и договарања – истакна Мицкоски на денешната прес-конференција на која беа соопштени инвестиции за развој во 15 општини предводени од ВМРО – ДПМНЕ.

Во меѓувреме партиите се подготвуваат и ги ицртуваат контурите на изборните листи, мерат и прават анкети за кандидатите носители, а се лицитира и со имиња за претседателски кандидати. До сега е јансо само дека во првата изборна единица, како носители, ќе се соочат Ковачевски и Мицкоски.

Македонија е на еден месец до техничка Влада, која се поизвесно е дека ќе ја предводи собранискиот спикер Талат Џафери. Актуелниот премиер веќе најави дека ќе организирал средба, далеку од очите на јавноста, со неговиот опонент Христијан Мицкоски околу ова прашање. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пак кој рече дека Џафери нема да ја добие поддршката од опозицијата за да ја предводи техничката влада, му возврати дека нема потреба од такви тајни средби и најави дека во скоро време партиските органи ќе заседаваат и ќе донесат одлука околу учеството во техничката Влада, за кое Мицкоски лично смета дека е потребно.