Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Костадиновски: Политичките напади нема да влијаат врз моите професионални одлуки

Претседателот на Уставниот суд на Македонија, Дарко Костадиновски, реагира на соопштението на политичката партија Левица истакнувајќи дека нема да коментира политички ставови, но чувствува обврска да одговори на, како што наведе, личните дисквалификации и навреди упатени кон него. – Како претседател на Уставниот суд, останувам доследен на својот принципиелен став да не коментирам ничии политички […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Уставниот суд на Македонија, Дарко Костадиновски, реагира на соопштението на политичката партија Левица истакнувајќи дека нема да коментира политички ставови, но чувствува обврска да одговори на, како што наведе, личните дисквалификации и навреди упатени кон него.

– Како претседател на Уставниот суд, останувам доследен на својот принципиелен став да не коментирам ничии политички ставови изнесени во јавноста. Сепак, овој пат, бидејќи се работи за лични дисквалификации, навреди, чувствувам должност да констатирам дека, за жал, на македонската политичка сцена сè уште опстојува примитивен политички менталитет. Истовремено, сакам и да изразам жалење што на мојот професионален живот и лична кариера,некој упорно им дава политичка димензија – истакнува Костадиновски во писмената реакција до медиумите.

Костадиновски порачува дека одлуката каде ќе ја продолжи својата кариера по истекот на мандатот е негов личен избор и легитимно право, како и на секој граѓанин што ги исполнува законските услови за вршење одредена професија.

Реклама

– Прашањето каде ќе продолжи мојата кариера по завршувањето на мандататот и дали тоа ќе биде универзитетската заедница, претставува мој личен избор, како и легитимно право на секој граѓанин што ги исполнува законските услови за вршење одредена професија – наведува Костадиновски.

Осврнувајќи се на критиките поврзани со неговиот можен ангажман во академската сфера, тој посочи дека единствено релевантни критериуми се неговото научно творештво, професионалното искуство и потребите на академската заедница.

– За конкретното прашање со кое се преокупирани некои политички структури, релевантни се следните критериуми: моето научно творештво и искуство, како и потребата на академската заедница од таков кадар. А овие критериуми, кои е лесно да се објективизираат, секако не зависат од кој било политичар и неговите преференции – нагласува претседателот на Уставниот суд.