Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Костадиновски: Доколку Собранието не реагира, Уставниот суд ќе одлучува за измените на КЗ до декември, Законот за употреба на јазиците на дневен ред најдоцна до февруари

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, го коментираше последниот извештај на Европската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, го коментираше последниот извештај на Европската комисија, изразувајќи загриженост за долгогодишната „статус кво“ состојба во правниот систем. Тој упати критики кон Собранието за непочитување на одлуките на Уставниот суд и предупреди дека доколку не се преземат неопходни измени, судот ќе донесе конечни одлуки. Костадиновски се осврна на спорните закони за балансерот, измените на Кривичниот законик и Законот за употреба на јазиците, најавувајќи рокови и можни чекори за нивно решавање.

-Последниов Извештај ниту утврдува прогрес во одредени области, особено во судството, борбата со корупцијата, криминалот. Меѓутоа, не утврдува ниту назадување. Ние сме во една „статус кво“ состојба подолго време, а таа вопшто не е добра. Граѓаните имаат комплетна недовебра во целиот државен апарат, рече тој, гостувајќи на една од националните телевизии.

Во однос на двата закони за кои ЕК има забелешки, конкретно за балансерот, Костадиновски информира дека е подготвен нов Закон за правична застапеност кој е во фаза на оценување од Венецијанската комисија.

Реклама

-Се надевам дека тој закон ќе се усогласи со нашите правни стојалишта за укинување на балансерот. Односно, да направи еден баланс помеѓу правичната и соодветната застапеност и она што значи мерит, стручност и компетентност, посочи тој.

Додека, во врска со измените на Кривичниот законик, кои се, исто така, забелешка на ЕК, рече дека нанеле „непоправлива штета“ на правниот поредок и најави дека доколку Собранието до последната седница на судот во декември не ги направи неопходните измени, Уставниот суд ќе го стави предметот на дневен ред и ќе одлучи.

-Рокот од шесте месеци истече во август. Имавме разбирање како Суд за изборниот процес, бидејќи вакви крупни работи не е соодветно да се прават. Но, изборите завршија. Ние како Суд, односно јас како претседател, сум должен да го чувам кредибилитетот на Уставниот суд. Ние не можеме до недоглед да му дозволуваме на Собранието да продолжува со една пракса на уставна недисциплинираност. Собранието е должно, ако го почитува Уставот, а должно е да го почитува, да ги почитува и нашите одлуки, бидејќи нашите одлуки по сила на Уставот се конечни, извршни и општо задолжителни. Но Собранието до овој момент го нема сторено тоа, вели Костадиновски.

Како што појасни, укинувањето на Законот за измени на КЗ ќе значи дека старото правно правило не се враќа на сила со тоа што тоа би било повик на неказнивост, додека, поништувањето би значело дека ќе се врати на старо. 

Во врска со Законот за употреба на јазиците, Костадиновски најави дека до крајот на месецот ќе побара мислење од судијата известител, а најдоцна до февруари предметот ќе биде изнесен на седница.

Тој апелираше до Собранието да го комплетира составот на Уставниот суд за да се избегнат нерешени одлуки со резултат 4-4.

Во однос на изборот на судии за Стразбур, Костадиновски посочи дека претходната комисија направила грешка во чекорите.