Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Кос ќе ги посети повредените во кочанската трагедија

Геополитиката се промени и гледаме вистинска заложба за проширување во главните градови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Геополитиката се промени и гледаме вистинска заложба за проширување во главните градови на Европската Унија. Треба да се изгради силна Европа која ја контролира сопствената иднина и затоа ни треба сите Европејци да работат заедно, како и земјите од Западен Балкан, изјави на денешната прес-конференција еврокомесарката за проширување, Марта Кос.

Посочи дека Планот за раст носи опипливи социо-економски поволности за граѓаните на Македонија и Западен Балкан.

-Затоа ваша одговорност е да го примени за добробит на вашите граѓани и на вашите деловни ентитети. Планот за раст е клучен дел од она што го нарекуваме забрзана интеграција каде Комисијата планира да го интегрира регионот во единствен пазар, како и во европските политики за одбрана, безбедност и подготвеност пред да добиете членство во Европската Унија. Минатиот самит зборувавте за плановите, сега дојдовме во фаза на имплементација. Овој Самит за првпат се однесуваше за имплементацијата, покажуваме први резултати. 75 проценти од договорените реформи за сите земји се или имплементирани и ли во тек на имплементација. Една четвртина не е изготвена и затоа ги повикувам лидерите да ја забрзаат имплементацијата, изјави Кос.

Реклама

Таа се осврна и на трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени.

-Вашата земја се уште се опоравува од една национална трагедија, од ужасниот пожар во Кочани. Им упатувам сочувство на семејствата и роднините на загинатите и повредените. Ваквите трагедии како Кочани, не’ потсетуваат што е најважно во животот, а тоа е семејството, пријателите, заедницата. Односно луѓето кои помагаат, солидарноста на дело, од ЕУ. Многу Европејци беа покрај вас и ви помагаа овие месеци, истакна Кос.

Таа најави дека ќе ги посети повредените во Кочани.