Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Прилози

Корупцијата продолжува да претставува сериозна закана во повеќето земји низ светот, Македонија на 84 место

Македонија четири места погоре на индексот за перцепција на корупцијата според истражувањата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија четири места погоре на индексот за перцепција на корупцијата според истражувањата на Трансперенси интернашнл. Со освоени 40 поени, Македонија се пласира на 84-тата позиција. На исто место е рангирана со Бугарија, која за разлика од нас, бележи пад во борбата против корупцијата. Според експертите, иако немаме позначаен напредок споредено со лани, сепак сме блиску до 50те поени кои се сметаат за минимум за функционална борба и имаме почетна точка од која работите треба да тргнат на подобро.

„Формално сме позиционирани четири места подобро на ранг- листата од минатата година и сега ја заземаме 84-та позиција. Ова подобрување покажува дека минатата година во борбата против корупцијата ни одело подобро од 4 други држави.“– вели претседателот на Транспаренси интернешнл Македонија, Благоја Пандовски.

Во индексот се вклучени поткупот, злоупотребата на јавните средства, непотизмот и гонењето на корумпирани функционери, а податоците се собираат од седум релевантни истражувања. Како што вели претседателот на Транспаренси интернешнл за Македонија, главен проблем и понатаму остануваат судството и обвинителството, нетранспарентноста на институциите, како и измените на законот за спречување на корупцијата.

Реклама

„Клучните системски проблеми и понатаму остануваат неуспешните и недовршени реформи во судството и обвинителството, кои не успеваат да обезбедат ефикасен, независен и одговорен правосуден систем. Дополнително случувањата поврзани со поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата сериозно ја наруши довербата на јавноста во институциите задолжени за борба против корупцијата. Загрижува и нетранспарентниот процес на изготвување на измените на Кривичниот законик, како и нивната содржина, која не само што не придонесе за зајакнување на антикорупциска рамка, туку во одредени сегменти ја ослабе.“– вели Пандовски.

Според истражувањето, борбата против корупцијата е намалена на глобално ниво. Зејмите како САД, Нов Зеланд, Франција и Шведска, кои се сметаат за најсилни во борбата, исто така бележат тренд на намалување. На врвот како најуспешни борци против корупцијата традиционално се Данска, Финска, Сингапур, Норвешка, Шведска и Швајцарија. На дното се најдоа државите Сомалија и Јужен Судан.