Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Корона избори за ублажување на изборен пораз на власта, без стратегија за здравствена заштита !?

Влегува ли Македонија во ризично сценарио да се укине вонредната состојба без…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Влегува ли Македонија во ризично сценарио да се укине вонредната состојба без да има точна стратегија доколку се појават нови жаришта на заболени со ковид 19. Дека власта нема прецизна стратегија  говори и фактот што изминатиов период мерките се носеа ад хок – задоцнети набавка на заштитна опрема, тестови, безброј најави за набавка на респиратори кои не се случија. Контрадикторни најави дека прво во април ќе имаме пик, па пикот ќе биде во мај. 86 часа полициски час, па драстично намалување на полицискиот час, за сега да се крои план вонредните мерки да се укинат, без притоа да се има стратегија. Универзитетската професорка Весна Јаневска, за Алфа објаснува дека може да се почнат некакви економски или производствени процеси, но исклучиво со пресметан ризик.

-Треба да бидеме многу предострожни во олабавувањето на мерките за целото население, ако е неопходно некои процеси производствени, економски да се придвижат тогаш навистина треба да се направат напори на тие луѓе што ќе учествуваат во таквите процеси да им се обезбедат сите услови за безбедно работење, но не мора тоа да биде на територија на целата држава, па вклучувајќи ги сега најранливите категории – изјави Весна Јаневска универзитетски професор.

Но дали во позадина на олабавување на мерките е економијата воопшто или да се исполни желбата на СДСМ да се оди на брзи избори. Партијата на власт јавно говори дека Комисијата за заразни болести ќе го имала последниот збор за олабавување на мерките, но изборите требало да се случат час поскоро. Неофицијално пак убедени се дека избори ќе има во јуни или јули.  Што е во позадина на СДСМ во ек на светска пандемија може само да се претпостави – ниска излезност,спроведување избори со мал број набљудувачи, но и изборни кампања која не ја исклучуваат можноста за есклација на заразени. Во таа насока опозицијата ја посочува и наводната хуманитарна помош од семејството на екс премиерот Зоран Заев во која ВМРО ДПМНЕ проепзнава поткуп на гласачи, токму во функција на брзите избори.

Реклама

Комисијата за заразни болести одлуката за олабавување на мерките најверојатно ќе ја темелат на опаѓање на бројот на заразени што е реален изминативе денови. Но од друга страна, колку зарзаени, инфицирани и заболени има во Македонија зависи од бројот на тестираните, ако повеќе тестираат може бројот да биде и поголем, а колку од заразените  ќе се разболат навистина не може да се предвиди. Голем број земји во светот покрај економската криза која следи сепак се одлучија да ги послушаат препораките на СЗО и вонредната состојба за пандемијата со корона вирусот да ја продолжат за 90 дена. Власта во Франција, најави дека заострените мерки ќе траат до крај на јули. Германската канцеларка Анѓела Меркел, предупреди дека светот е на почетокот, а не на крајот од кризата со ковид 19. Според СЗО, пандемијата на светско ниво ќе трае до 8 декември.

 

Катерина Гетева