Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Корча плус: Пустец заборавен, се соочува со недостаток на инвестиции во инфраструктурата

Жителите на Општина Пустец продолжуваат да се соочуваат со недостиг на инвестиции…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жителите на Општина Пустец продолжуваат да се соочуваат со недостиг на инвестиции во инфраструктура, сметајќи ја состојбата на патиштата како еден од најголемите проблеми што го попречуваат економскиот и туристичкиот развој на областа Мала Преспа, констатира Корча плус во написот „Пустец заборавен, патиштата катастрофа“.

Според истиот извор и покрај извонредниот природен потенцијал што го нуди Националниот парк „Преспа“, многу патни сегменти остануваат амортизирани, што го отежнуваат движењето на жителите и посетителите.

„Според жителите, низ годините се презентирани бројни проекти и се споменуваат значителни средства, вклучувајќи поддршка од меѓународни партнери, вклучувајќи проекти финансирани од Германија за заштита на животната средина и одржлив развој на регионот. Но, нагласуваат дека влијанието на овие инвестиции врз подобрувањето на секојдневниот живот е ограничено, стои во написот. 

Реклама

Пустец, сместен во срцето на Националниот парк Преспа, се смета за една од областите со најголем потенцијал за природен и културен туризам на југоистокот од земјата, се наведува понатаму и се додава дека „сепак, недостатокот на квалитетни патишта, јавни инвестиции и придружна инфраструктура, продолжува да биде сериозна пречка за развојот на областа“.

Жителите бараат транспарентност за средствата инвестирани низ годините и конкретен план за рехабилитација на патиштата, нагласувајќи дека развојот на Преспа не може да остане само во документи  и проекти, туку мора да се одрази во опипливи инвестиции за локалната заедница.