Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Копретседавачите Василевска и Реслер ја отворија првата сесија на 24. Состанок на МПК ЕУ – Македонија

Копретседавачите на Мешовитиот парламентарен комитет (МПК) Европска Унија – Македонија, пратеничката Иванка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Копретседавачите на Мешовитиот парламентарен комитет (МПК) Европска Унија – Македонија, пратеничката Иванка Василевска и европратеникот Карло Реслер, со своите воведни излагања на првата работна сесија, го отворија 24. Состанок на МПК, што денеска и утре се одржува во Европскиот парламент во Стразбур, Франција.

Василевска, која е и копретседавачка со МПК, во своето воведно обраќање истакна дека како држава целосно сме посветени на спроведувањето на Реформската агенда и на Планот за раст на Европската Унија. Во таа насока, додаде таа, најновиот Извештај за проширување на Европската комисија дава позитивен осврт на нашата ангажираност и на конкретните резултати постигнати во рамките на Планот за раст на Западен Балкан, соопшти собраниската прес-служба.

– Благодарение на позитивните оценки, ние бевме првата земја од Западен Балкан што доби претфинансирање во рамките на Програмата за реформи и раст на ЕУ, во износ од 52,4 милиони евра оваа пролет, а до ноември 2025 година, исто така обезбедивме две дополнителни исплати базирани на перформансите. Започнавме со работа на сите четири столба на Планот – поблизок пристап до единствениот пазар на ЕУ, посилна регионална интеграција, клучни реформи и зголемена финансиска поддршка. Истовремено, усвоивме Агенда за реформи, фокусирана на подобрување на управувањето и јавната администрација, унапредување на зелените и дигиталните транзиции, зајакнување на човечкиот капитал, подобрување на деловното опкружување и почитување на основните права и владеењето на правото, оцени Василевска.

Реклама

Таа нагласи дека Собранието во изминатиот период усвои клучни реформски закони, вклучувајќи го Законот за систем на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, законите за административни службеници и за вработени во јавниот сектор, со кои се подобрува начинот на избор на државни службеници и управувањето со човечки ресурси.

Копретседавачот Реслер, како што се посочува во соопштението, во своето воведно обраќање ja поздрави заложбата и посветеноста на Македонија на евроинтеграцискиот процес и позитивно ја оцени меѓуетничката стабилност во земјата, добрососедските односи и ја нагласи потребата за континуиран реформски процес.

Реслер потенцира дека е важно во политичкиот спектар на државата да има инклузивен пристап за клучните политички прашања кои што се од стратешко значење.

Во воведниот дел на денешната сесија, свое обраќање имаа и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кои потенцираа дека Владата работи на спроведување на реформите во сите општествени сектори со цел да се исполнат европските критериуми на нашиот пат кон Европската Унија.

Во рамки на општата дискусија на европратениците, доминираше ставот дека Европската Унија треба да најде начин и конечно да ги започне преговорите со Македонија, бидејќи, како што рекоа, мора и Европската Унија да испорача, не само тоа да се бара од Македонија.

На дневен ред на првата работна сесија ќе се дискутира за Основни права и слободата на говор и Владеење на правото и борбата против корупцијата. Овој 24. Состанок на МПК ќе продолжи и утре, кога ќе се одржи втората работна сесија, на која ќе се дискутира за следните теми: Перспективите на пристапните преговори, добрососедските односи, регионалната соработка и регионална стабилност; Прашања поврзани со животната средина; Транспорт, енергија и инфраструктурна поврзаност; Вештачка интелигенција и дигитализација.