Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство

Во Министерството за правда денеска се одржа конститутивна седница на работната група…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Министерството за правда денеска се одржа конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство, со која ќе претседава министерот за правда Игор Филков. На седницата, како што информираат од Министерството, е дискутирано за  Деловникот на работа и начинот на работа на работната група.

Следната седница на работната група за реформи во изборното законодавство е закажана на 23 март, а на членовите на работна група ќе им биде доставен текстот на измените на Изборниот законик кој ќе биде работен документ а го подготвило Министерството за правда во јуни 2025 година и во којшто се вметнати препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Министерот за правда Игор Филков изјавил дека целта е да се изгради стабилен, кредибилен и инклузивен изборен систем, усогласен со европските стандарди и добрите меѓународни практики.

Реклама

-Овој процес бара политичка зрелост, дијалог и консензус. Очекувам конструктивна дебата и активно учество од сите членови, затоа што реформите во изборното законодавство се од суштинско значење за демократскиот развој на државата и зајакнување на довербата на граѓаните во изборниот процес, посочил Филков.

Потенцираат дека Министерството за правда останува целосно посветено на транспарентен и ефикасен процес, со јасна динамика и конкретни резултати во периодот што следува.