Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Kонститутивна седница на Собранието најдоцна за 20 дена, треба да ја свика Талат Џафери

Роковникот почнува да тече. Најдоцна 20 дена по одржувањето на изборите, треба…

Сподели:

Роковникот почнува да тече. Најдоцна 20 дена по одржувањето на изборите, треба да се одржи конститутивната седница на македонското собрание, а неа ја свикува, претседателот на претходниот состав, во случајот, Талат Џафери. Мандатот на пратениците го верифицира Собранието и почнува да тече од конститутивната седница на Собранието.

Во членот 63 од Уставот е предвидено, доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.

Реклама

Талат Џафери денеска рече дека до крајот на уставниот рок, кој е на 4 август, ќе ја свика конститутивната седница за новиот парламентарен состав.

– Секако дека во уставно предвидениот рок ќе ја свикам конститутивната седница на новиот парламентарен состав. Но, денеска прво ќе одам да се тестирам, оти по целата кампања и контакти со многу лица прво треба да проверам дали сум негативен на коронавирусот. Ова ќе го препорачам да го сторат и сите кандидати за пратеници кои освоија мандат. После толку внимавање и преземени мерки за изборите да се одржат во најдобар ред, добро би било пратениците здрави да влезат во Собранието. По ова ќе оставам десетина дена за консулатција со партиите кои освоија пратенички мандати за да се договориме за конститутивната седница. Ќе видиме како ни одговара на сите, бидејќи кон крајот на јули е Курбан Бајрам, а потоа е 2 Август, дали идните пратеници ќе сакаат да ја закажеме конститутивната седница пред или по празниците, изјави Џафери.

Во Уставот е предвидено претседателот на Република Македонија во рок од 10 дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот.

Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.

Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, ја избира владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата.

Борис Грујоски